KОНЦЕПТ на развој на Банката:
Развојот на информатичката технологија доведе до низа значајни реформи посебно во областа на банкарството.
Се јави потреба од близина на сервисите што ги нуди банката, тие да бидат на дофат на рака на коминтентите односно „Банката е таму каде што сте ВИЕ„ што е воедно новиот квалитет кој го воведе Банката со воведувањето на платниот промет.
- Со електронската банка на ОБ фактички шалтерот на Банката е пренесен на бирото во вашата фирма.
- Сигурност, заштитеност, светост на податоците од коминтентите.
- Креирање на заштитени тунели на интеракција на банката со своите коминтенти.
Сигурносни аспекти на електронскиот платен промет
Секоја банка има стратегија во развојот. Банките кои сега вложуваат во развој на апликации засновани на најкомплексните моментно достапни технологии (PKI, smart card) ја воспоставуваат сигурносната инфраструктура за иднината. Коминтентите мора да извршат проценка за степенот на сигурноста на одредено решение бидејќи се работи за нивната сметка.
- Креирање на затворена мрежа со коминтентите. Корисниците се приклучени дирекно на ОБ, а не се приклучени преку интернет. Ѕвездаста структура каде банката е во центарот.
- PKI(*) – технологија базирана на парови на клучеви. Во Охридска банка сите барања се потпишани со технологијата на електронски потпис.
- Тајниот клуч со кој се креира електронскиот потпис е сместен на smart картичка. Без неа не можете да пристапите во електронскиот систем на ОБ
- Воведување на додатни лозинки и нивоа на заштита со кој би се подигнало нивото на пристап и заштита на податоците.
На оваа интернет страна може да ги преземите барањето и договорот за електронско банкарство кое Банката ги прима односно склучува со своите коминтенти. Преземете ги тие документи , прочитајте ги внимателно и пополнете ги со точните податоци на вашата фирма. Договорот за Електронска банка пополнете го во 2 примероци и донесете го во Банка на заверка. Во барањето за Електронска банка има можност за наведување на телефони од кои ќе вршите плаќања во Банката. Тоа е телефонот од фирмата, дома , како и други телефони од каде ќе се приклучувате до Банката и ќе вршите плаќања спрема други коминтенти. Во Барањето исто така ви се дава можност да наведите лица на кој ќе се изготват картичките кои ќе имаат авторизација само на КРЕИРАЊЕ на налозите - без право на ПОТПИС, како и лица кои ќе имаат право на ПОТПИС - вистински потписници на сметката.
Потребни документи
- Барање за електронска банка. Испечатете го, пополнете го и потпишете го.
- Формулар за податоци за физичко лице. Пополнете по една копија од формуларот за секое лице за кое барате Заштитна картичка.
- Договор за електронска банка. Договорот испечатете го во 2 примероци, прочитајте го и потпишан и со печат, заедно со барањето и формуларот доставете го до најблиската експозитура на Охридска Банка.
|