Maestro®
дебитна картичката е најпрактичен начин да се грижите за вашите пари.
Освен што завзема многу помал простор во вашиот паричник од која било банкнота, Maestro® картичка на Охридска банка ви нуди и следниве погодности:
- едноставен и лесен пристап до вашите пари 24 часа на ден, 365 дена во година преку голема мрежа на банкомати во земјата и низ целиот свет
- можност за плаќање на стоки и услуги во широка мрежа на продажни места било каде во светот (продавници, бензински пумпи, хотели, аеродроми)
- избегнување на чекање во редици на шалтери за подигнување на готовина
- намалување на ризикот од користење на готовина - губење, кражба, фалсификувани банкноти
- сигурност во тек на трансакции и заштита од измама или кражба со користење на ПИН кодот (личен идентификационен број) кој е таен и строго доверлив
- за користење на Maestro® картичката на банкоматите на Охридска банка и на продажните места во земјата и во странството не се наплаќа провизија
- бесплатен месечен извод на кој можете да ги видите сите детали од работењето со вашата Maestro® картичка
- Maestro® картичката на Охридска банка е картичка поврзана со денарска тековната сметка и е со меѓународна важност
Што треба да знаете кога користите картичка?
ПИН кодот кој ќе го добиете заедно со картичката, е сигурносна заштита кога ја користите вашата дебитна картичка.
Кога ќе ја добиете картичката неопходно е да се потпишите на задната страна на картичка на за тоа определено место. Во некои случаи на плаќање на стоки и услуги, проверка на ПИН кодот е заменета со потпис. Во такви случаеви проверете ја сметката внимателно и потпишете ја. Потписот на сметката треба да биде ист со потписот на задната страна на картичката.
Заради сигурност ви препорачуваме следното:
- Чувајте ја картичката на вообичаено место, така да веднаш можете да забележите доколку ви недостасува.
- Чувајте ја информацијата за бројот на картичката за да бидете во можност да го дадете во случај на губење/кражба.
- Запомнете го вашиот ПИН или чувајте го одвојено од картичката
- Не давајте картичка на други лица на употреба.
- Обратете се во банка за промена на картичка во случај да сте го заборавиле вашиот ПИН.
- Во случај на губење/кражба или сомневање на злоупотреба, пријавете веднаш во Центар за Корисници на Охридска банка на телефон: + 389 46 268 268.
Се што треба да направите е да го пополните барањето за издавање и користење на Maestro® картичка и заедно со другите неопходни документи да ги доставите во најблиската експозитура на Охридска банка.
Барање за издавање и користење на Maestro® картичка (559KB)
Општи правила и услови за издавање и користење на Maestro® картичка (2MB)
Брошура (1,7MB)
|