MasterCard® Gold картичката на Охридска Банка АД Охрид е кредитна картичка која е наменета за физички лица на кои им е потребна поголема финансиска флексибилност. Ги има следните функции:
- Платежна функција – за плаќање на сите продажни места каде што има инсталирано EFT POS уред кој припаѓа на MasterCard® мрежата, каде што има ознака на MasterCard® или Maestro®.
- Исплатна функција – за исплата на готовина на Cash Аdvance Outlet уредите на други банки во земјата и странство, како и за подигање на готовина на банкоматите, каде што е истакнат знакот на MasterCard®, Maestro®.
MasterCard® Gold картичката на Охридска Банка АД Охрид е картичка со меѓународна важност.
Користењето на MasterCard® Gold картичката е без провизии за користење во трговската мрежа на повеќе од 29 милиони локации било каде во светот.
MasterCard® Gold картичката може да се користи на повеќе од 900 илјади банкомати низ целиот свет.
На бесплатниот месечен извод можете да ги видите сите детали од работењето со вашата MasterCard® Gold картичка.
Рок на отплата на износот на доспеаните обврски е до 15 следниот месец.
MasterCard® Gold картичката се издава со рок на важност од една година при првото издавање и две години за секое наредно обновување.
Минимум потребни документи за издавање на MasterCard® Gold картичка во зависност од барањето за картичка се:
- Пополнето барање за издавање и користeње на картичка
- Фотокопија на важечка лична карта или пасош
Доколку се бара одобрување на рамковен кредитен лимит потребни се и следните документи:
- Меница со 500 денари со двајца жиранти
- Потврда за редовен работен однос
- Административна забрана
- Заверена потврда за редовен работен однос и висина на примањата
- Документи за дополнителни приходи (доколку има).
Oпшти правила и услови за издавање и користење на MasterCard® Gold кредитна картичка (966KB)
Барање за издавање на MasterCard® Gold картичка (553KB)
|