MasterCard® револвинг кредитна картичка


MasterCard® револвинг кредитната картичка ви нуди можност да располагате со однапред определен износ на пари, што ви овозможува да купите што сакате, во кое било време, на кое било место.

Кредитниот лимит се определува според вашите потреби и финансискиот статус.

Како што ја користите картичката за подигнување на готовина и за плаќање во текот на еден календарски месец, со извршените трансакции се намалува износот на располагање од вашиот кредитен лимит.

На почетокот на следниот месец добивате месечен извештај со сите издатоци (повлекување пари, плаќање и трансакциски трошоци) што сте ги направиле во текот на претходниот месец, и до 15-ти во месецот одлучувате дали сумата ќе ја платите во целост или на рати, како што вие ќе посакате. Можете да одберете да покриете 5% во првиот месец, 50% во следниот месец, а остатокот во наредниот месец.

Доколку го платите целиот износ, одобрениот кредитен лимит што ви е даден на распологање, повторно ви се обновува во целост. Освен тоа, можете да ја искористите предноста од грејс-периодот за трансакции што се направени во претходниот месец - не се наплаќа камата за периодот од датумот на книжење на трансакцијата до датумот на доспевањето.

Доколку се одлучите да платите на рати, кредитниот лимит на картичката ќе ви се обнови за парцијално отплатениот износ.

Со MasterCard® револвинг картичката на Охридска банка имате слобода да отплаќате според ваше темпо и да управувате со вашите расположливи средства без да аплицирате за кредит секогаш кога имате потреба да купите нешто.

Главни параметри на MasterCard® револвинг кредитната картичка на Охридска банка.

  • кредитен лимит
    • MasterCard® Standard -  од  9.000 до 180.000 денари
    • MasterCard® Gold - од 60.000 до 360.000 денари

    Индивидуалниот кредитен лимит зависи од кредитната способност и е дефиниран врз база на:
    • вашиот нето-месечен приход
    • комбинација од двете (приход и блокиран депозит)
    • блокиран депозит со максимална рочност од 1 година

  • отплата
    • целосна отплата
    • делумна отплата - 5% од вкупно достасаниот износ , минимум 300 ден. Достасаниот износ ги вклучува сите трансакции направени на ПОС/АТМ и сите трансакциски трошоци во период од еден календарски месец плус неподмирените трансакции од претходните периоди. Дополнително, корисникот на картичката треба да плати 100% од доспеаната камата.
    • доколку ја исплатите целата сума од вашите трошоци направени со картичката до 15-ти во месецот, не плаќате никакви камати. Тоа подразбира максимум до 45 дена бескаматен грејс-период.

  • грејс-период
    Доколку ја исплатите целата сума од вашите трошоци направени со картичката до 15-ти во месецот, не плаќате никакви камати. Тоа подразбира максимум до 45 дена бескаматен грејс-период.

  • пример
    Да претпоставиме дека вашиот кредитен лимит е 100.000 денари и овој месец со картичка купувате машина за перење чија цена изнесува 20.000 денари, ви остануваат 80.000 денари на располагање на кредитната картичка. Кога ќе го добиете својот месечен извештај, можете да одлучите да го платите во целост или делумно. Со 5% минимум рата, вие би требало да платите 1.000 денари. Доколку одлучите да платите 20.000 денари, тогаш вашиот кредитен лимит ќе биде целосно обновен и нема да ви се наплати камата. Исто така, можете да го отплатите искористениот износ во кое било време, со која сума сакате за да си го зголемите расположливиот износ. И доколку сметате дека кредитниот лимит не ви е доволен, во тој случај можете да побарате зголемување.

  • начин на плаќање
    • со траен налог од вашата трансакциска сметка
    • уплата на шалтер

  • основни предности
    • кредитен лимит до 360.000 денари без жиранти, прилагоден според вашите приходи и личната способност за отплата
    • бескаматен грејс-период, максимум 45 дена, за сите отплатени трансакции до 15-ти во месецот, за готовина подигната на банкомат и за плаќања направени со картичка
    • минимална рата од 5%, не помалку од 300 денари
    • автоматско обновување на кредитен лимит со секое отплаќање на минималната рата
    • едноставно плаќање на ратите преку траен налог од трансакциска сметка
    • периодично зголемување на кредитниот лимит во случај на редовна отплата на ратите
    • бесплатни трансакции на ПОС-терминалите во земјата и во странство
    • можност за издавање на дополнителни картички за овластени корисници на картички во рамките на дозволениот кредитен лимит

Што треба да знаете кога ја користите вашата картичка?
ПИН кодот кој ќе го добиете заедно со картичката, е сигурносна заштита кога ја користите вашата картичката. Кога ќе ја добиете картичката, неопходно е да се потпишете на задната страна на картичката на местото определено за потпис. Во некои случаи на плаќање на стоки и услуги, проверкатс на ПИН кодот е заменета со потпис. Во такви случаи проверете ја сметката внимателно и поптишете ја. Потписот на сметката треба да биде ист со потписот на задната страна на картичката. Доколку плаќате за услуги преку телефон, факс, интернет или нешто друго, тогаш треба да го дадете Вашето име, бројот на картичката и рокот на важење на картичката. Во случај на плаќање преку интернет наспроти потпис се користи ЦВЦ2 - последните 3 броја од задната страна на картичката.

Заради сигурност ви го препорачуваме следното:

  • ПИН бројот што ќе го добиете со картичката е личен идентификациски број за заштита од злоупотреба на вашата картичка.
  • чувајте ја картичката на вообичаено место, за да можете веднаш да забележите доколку ви недостасува.
  • чувајте ја информацијата за бројот на картичката за да бидете во можност да го дадете во случај на губење / кражба.
  • запаметете го вашиот ПИН или чувајте го одвоено од картичката, на пример, во СИМ-картичка од вашиот мобилен.
  • не давајте ја картичката на други лица да ја користат.
  • обратете се во банка за промена на картичка во случај да сте го заборавиле вашиот ПИН.
  • во случај на губење / кражба или при сомнеж за измама, пријавете веднаш во Центар за Корисници на телефон + 389 46 268 268 во работно време од 8 до 20 часот.
  • пред да патувате во друга земја, информирајте се за телефонскиот број што можете да го користите во земјата и чувајте го одделно од картичката. МастерЦард® Интернатионал нуди бесплатна телефонска помош 24 часа, 7 дена во неделата. Овие инфомации можете да ги најдете на веб-страницата: http://www.mastercard.com/cgi-bin/emergserv.cgi

Стапката на вкупни трошоци е пресметана на 26 март 2008 и изнесува 12,15% за кредитен лимит од 180.000 денари и рок на отплата од 20 месеци. Банката ги задржува правата за измени на условите, како и за донесување на одлука за одобрување на кредитен лимит, и право да побара дополнителна документација или мерки за обезбедување. Сите останати трошоци поврзани со картичката се утврдени со Тарифата на надоместоци за услугите на Банката.