Охридска банка а.д. Охрид прима пари од клиенти заради трансфер во било која локација на светот во која Сервисот на Western Union за трансфер на пари е безбеден и врши исплата на адресантот на трансферираните средства кои потекнуваат од било која таква друга локација.
Услугата се врши согласно Упаствата дадени од Western Union на Агентот, упаствата дадени од Агентот, законската и подзаконската регулатива и тарифата за надокнада на Western Union.
Во трансакцијата учествуваат две физички лица и се работи за исплата на пари во готово. Лицето кое праќа потребно е :
- Да ги донесе парите кај било кој Western Union агент и да пополни краток формулар
- Плати провизија за услугата
- Земе потврда со Контролен број за паричен трансфер ( КВРТ)
- Да го извести примателот на парите за трансферот
- Примателот на парите може да оди кај било кој Western Union агент и со презентирање на соодветна идентификација парите ќе му бидат исплатени веднаш.
Услугите во Охридска банка а.д. Охрид се вршат од понеделник до петок од: 08 до 17 часот. |