Програма експерт - кредити за професионалци


ВЕРУВАМЕ ВО ВАШАТА ПРОФЕСИЈА

За првпат на пазарот Охридска банка дел од Societe Generale Групацијата, воведе кредитна програма наменета исклучително за професионалците што се занимаваат со некоја од регулираните професии.

Зошто регулираните професии?
Затоа што вие сте заслужни за успехот на другите, вие сте тие што секојдневно го докажувате својот професионализам, грижејќи се за здравјето на другите, заштитувајќи ги нивните интереси, управувајќи со нивните финансии, создавајќи проекти за нив... Но, кој се грижи за вашиот сопствен професионален успех?

Зошто ја именувавме Програма експерт?
Затоа што вие сте вистински експерти во својата област, кои со целосна лична и морална одговорност и со исклучителни професионални квалификации ја извршувате својата дејност во интерес на клиентите и јавноста.

Искористете ги поволностите што ви ги нуди вашата професија!

ПРОГРАМА ЕКСПЕРТ
... Создадена според вашите потреби!

За кого е наменета Програмата експерт?
За кредит од Програмата експерт може да аплицира секое физичко или правно лице кое:

  • Се занимава со некоја од следните регулирани професии:
    • Правни професии (aдвокат, нотар, извршител)
    • Медицински професии (лекар, стоматолог, фармацевт, ветеринар)
    • Технички професии (архитект, градежен инженер, проценител, ревизор, финансиски консултант, сметководител)
    • Друго (новинар, уметник итн.)
  • Работно искуство од минимум 6 месеци; за кредитот за започнување бизнис максимум 3 години од дипломирањето и работно искуство од минимум 3 до 6 месеци;
  • Да остварува годишен приход од извршени услуги и/или продажби не поголем од 61 милиони ден.

Предности на Програмата експерт:

  • Минимални формалности1
  • Без инвестициски план
  • Износ и рок на отплата на кредитот според вашите потреби
  • Конкурентни каматни стапки
  • Грејс-период до 6 месеци
  • Одговор и исплата на кредитот за само 2-5 дена

1 Потребно е само да отворите жиро-сметка во Охридска банка, со цел да ви ги префрлиме средствата од одобрениот кредит


Видови кредити од Програмата експерт

Кредит за инвестиции
Идеален за модернизирање на вашиот бизнис и за проширување на работните активности:

  • Набавете ја опремата за која досега само мечтаевте;
  • Опремете ја канцеларијата со мебел како од списанијата;
  • Инвестирајте во свој сопствен простор – ординација, канцеларија, кабинет и сл.

Кредит за започнување бизнис
Идеален за започнување на вашата професионална кариера:

  • Обезбедете ги финансиските средства што ви недостигаат и започнете го својот професионален сон.

Услови на Програмата експерт:

 

Кредит за инвестиции

Кредит за
започнување бизнис

Намена на кредитот

Ненаменски

Наменски

За млади експерти кои започнуваат сопствен бизнис

За набавка на нова опрема, поправки и други инвестиции

За купување на недвижен имот (канцеларија, ординација и сл.)

Документи за потврда на намената

/

Профактура
или договор со инвеститорот

Преддоговор за купопродажба

/

Износ во евра2

Од 1.000-7.500

Од 7.500-20.000

 Од 10.000-100.000

Од 500-5.000

Период
на отплата

Од 12-60  месеци

Од 12-84  месеци

Од 36-180  месеци

До 36 месеци

Каматна стапка

10,9%

9,9%

4% + шестмесечен Еурибор3

10,5%

Провизија

1,5%

1,5%

1,5%

1%

Обезбедување

Жирант

Залог на опрема,
со 20% учество или депозит

Хипотека

Жирант

 

2 Износот во евра се пресметува во денари, според средниот курс на денот на пресметката

3 4,71% на 1. 1. 2008 година

Примери за кредит од Програмата експерт:

Вид на кредит

Износ на
кредитот во евра

Период на отплата

Месечна рата во евра

Неопходен минимален износ на просечен месечен приход во евра

Ненаменски кредит

5.000

60 месеци

108,46

216,93

Кредит за опрема

10.000

84 месеци

165,50

330,99

15.000

248,24

496,49

20.000

330,99

661,98

Кредит за
недвижен имот

30.000

180 месеци

299,13

598,25

50.000

498,54

997,09

80.000

797,67

1.595,34

 

Што е Еурибор?

Еурибор (Euro Interbank Offered rate) е референтна каматна стапка што претставува пресек на каматните стапки по кои првокласните банки во еврозоната нудат депозити на фиксни периоди.