Микрокредити за финансирање на обртни средства врз основа на готовински промет


Микрокредитите се одобруваат без хипотека на недвижен имот и залога на подвижни предмети.

  • Намена на кредитите:
    За финансирање на обртни средства на правни лица и самостојни трговски дуќани - трговци поединци.

  • Целна група на коминтенти:
    • активна жиро - сметка во Банката преку која го вршат платниот промет;
    • минимум месечен готовински промет преку денарската сметка во Банката во висина на одобрениот износ од кредитот и
    • позитивен финансиски резултат.


  • Износ:
    Висината на одобрениот кредит се утврдува во зависност од готовинскиот промет на комитентот преку жиро - сметката, во висина од 100.000,00 денари до 300.000,00 денари.

  • Кредитни услови:
    • рок на враќање: до 12 месеци во еднакви месечни ануитети;
    • најповолна каматна стапка.

  • Обезбедување:
    • меница потпишана од комитентот и од двајца кредитоспособни жиранти или имовина со доказ за сопственост;
    • Изјава од комитентот дека готовинскиот промет ќе го врши преку жиро - сметка отворена во Охридска банка АД Охрид во периодот на користење на кредитот.