Платежни картички


Од почетокот на 2006 година Охридска банка А.Д. Охрид стана членка на Мастер системот со едновремено лансирање на четири продукти и тоа: MasterCard® Standard картичка, MasterCard® Gold картичка, MasterCard® Business картичка и Maestro® картичка. Со тоа Банката на своите комитенти им овозможи располагање со нивните средства во секој момент и во секое место во светот.

Картичките се дизајнирани во зависност од различните потреби на клиентите на Банката.

  • Maestro® картичката им овозможува на клиентите да ги имаат парите секогаш и на секое место во рамки на расположивото салдо.
  • MasterCard® Standard картичките се дебитно - кредитни картички кои овозможуваат на клиентите, покрај користењето на сопствените средтва, под одредени услови да може да користат и рамковен кредитен лимит.
  • MasterCard® Gold картичката е наменета за штедачи со повисоки салда и комитенти на кои повисоката кредитоспособност им овозможува повисоки лимити при трошењето на готовината.
  • MasterCard® Business картичката е наменета пред се за бизнисмени, покривање на потрошоци на фирми кои имаат потреба од готовина при патување во земјата и странство и кои потрошоци се дебитираат како потрошоци на правни лица.