Мобилно банкарство


Корисникот треба да поднесе барање до Охридска банка со кое бара да се дозволи увид на одредена банкарска сметка на својот мобилен телефон. Увидот (на својата сметка) е крајно рестриктивен, што значи дека само корисникот може да си ја прочита својата сметка на својот мобилен телефон. Корисникот може да назначи повеќе сметки за користење ако тие сметки му припаѓаат нему, а се од различен тип (тековна, девизна, денарска сметка, жиро сметка за платен промет и сл).

Мобилниот влез на Охридска банка е крајно рестриктивен и селективен затоа секое неовластено или недефинирано барање се селектира и исклучува од мобилната централа.

Прикажи/скриј детали Упатство за користење на Мобилното банкарство
Сите подетални информации слободно може да ги побарате во Службата за информатичка технологија на Охридска банка или преку e-mail: Горан Веруш