MasterCard® Business картичката на Охридска Банка АД Охрид е кредитна картичка која е наменета за правни лица и ги има следните функции:
- Платежна функција – за плаќање на сите продажни места каде што има инсталирано EFT POS уред кој припаѓа на MasterCard® мрежата, каде што има ознака на MasterCard® или Maestro®.
- Исплатна функција – за исплата на готовина на Cash Аdvance Outlet уредите на други банки во земјата и странство, како и за подигање на готовина на банкоматите, каде што е истакнат знакот на MasterCard®, Maestro®.
MasterCard® Business картичката на Охридска Банка АД Охрид е картичка со меѓународна важност.
MasterCard® Business картичката се издава на име на правното лице и може да се користи од повеќе вработени кај правното лице како за секојдневните службени потреби така и за деловни патувања, подигнување на готовина.
Користењето на MasterCard® Business картичката е без провизии за користење во трговската мрежа на повеќе од 29 милиони локации било каде во светот.
MasterCard® Business картичката може да се користи на повеќе од 900 илјади банкомати низ целиот свет.
На бесплатниот месечен извод можете да ги видите сите детали од работењето со вашата MasterCard® Business картичка.
Рок на отплата на износот на доспеаните обврски е до 15. следниот месец.
MasterCard® Business картичката се издава со рок на важност од една година при првото издавање и две години за секое наредно обновување.
Минимум потребни документи за издавање на MasterCard® Business картичка во зависност од барањето за картичка се:
- Пополнето барање за издавање и користње на картичка
- Фотокопија на важечка лична карта или пасош
- Меница со 500 денари со двајца жиранти
- Потврда за редовен работен однос
- Административна забрана
- Промет на жиро сметката во последните 6 месеци
- Биланс на состојба и биланс на успех за предходната година
- Заклучен лист за последниот квартал од тековната година
- Сметка за платен промет во замјата
- Понудено обезбедување
Oпшти правила и услови за издавање и користење на MasterCard® Business кредитна картичка (970KB)
Барање за издавање на MasterCard® Business картичка (457KB)
|