Известување за промена на локација и работно време
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека од 3 Август 2010, експозитурата на Охридска Банка во Струмица ќе продолжи со работа на нова локација, која се наоѓа на:
Улица Ленинова бб, Струмица (Зграда под Шумско Стопанство).
Поради активности поврзани со релокацијата, можни се очекувани технички прекини во работењето на банкоматот, како и прекини во оперативноста на експозитурата додека се изведуваат работите на преселба на опремата и нејзиното поврзување на новата локација.
На сите клиенти им се извинуваме за можните непријатности кои евентуално би произлегле од оваа ситуација и воедно им се заблагодаруваме на разбирањето.
Воедно, Ве известуваме дека поради преселба во новите простории и претстојниот празник, експозитурата нема да работи во сабота, 31 Јули и понеделник, 2 Август.
Ви го честитаме Денот на Републиката!
Со почит,
Охридска банка, Societe Generale Group
|