Вести


ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Почитувани клиенти,

Во согласност со Законот за платен промет во сила од 01.01.2008, ве информираме дека Охридска банка успешно го финализира отворањето на трансакциони сметки за своите индивидуални клиенти. Трансакциска сметка е сметка со должина од 15 цифри кој служи за идентификација на учесникот во платниот промет и е пријавенa во единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС).

Почнувајќи од 1ви јануари 2008 користењето на трансакционата сметка станува задолжително за сите физички лица, резиденти и нерезиденти учесници во платниот промет за сите банкарски операции во земјата (пренос на плати, пензиjа, уплати и исплати на готови пари, исплаќање на ануитетни кредити итн).

Банката по автоматизам изврши отварање на трансакциски сметки за постоечките клиенти кои имаат барем еден денарски производ.

Во однос на претходното, љубезно ве молиме при Вашето прво појавување во експозитурата на Охридска банка да го посетите Вашиот личен банкар со цел да ги добиете сите неопходни документи поврзани со вашата трансакциона сметка.

Нашите вработени ви остануваат на располагање за одговор на сите ваши прашања.