Вести


2011 активности и резултати: задоволувачки достигнувања во предизвикувачко опкружување

Денес, на Годишното собрание на акционери беа потврдени резултатите на Охридска банка за 2011 година.   

На 19 април 2012 година акционерите на Охридска банка го одржаа Годишното собрание на акционери. На Собранието беа усвоени одлуките предложени од страна на Надзорниот одбор. Акционерите ги потврдија резултатите на Банката за 2011 година, ги усвоија финансиските извештаи за 2011 и одлуката за распределба на добивката. Охридска банка манифестираше солидна отпорност во 2011 и објави задоволителен резултат за годината со остварена нето добивка од 35.1 милиони денари (пораст за 29,8% во споредба со 2010 г.) којашто останува задржана нераспределена добивка.

Овој успех се базира на:

  • Пораст на нето банкарскиот приход за 13.5% споредено со истиот период минатата година;
  • Прудентно управување со трошоците и нивна контрола, каде што вкупните трошоци се зголемија за само 1% во споредба со 2010 година;
  • Подобрен коефициент трошоци на 70,9% (79,6% во 2010);
  • Прифатливо ниво на нето трошокот за ризик, со вклучен позитивен ефект на нивото на резервации и резултатот од позначајната наплата во овој период.

Билансот на состојба на Охридска банка на 31.12.2011 изнесува 24,3 милијарди денари т.е. бележи пораст од 26.5% во споредба со крајот на 2010. Со ова Охридска банка ја зајакнува четвртата позиција на голема банка во Р. Македонија.

Паралелно, Охридска банка ја заврши 2011 со успешни перформасни во клучните банкарски активности, особено кај кредитите и депозитите на клиенти:

  • Вкупното кредитно протфолио на Банката се зголеми 27.3% (значајно над просекот на банкарскиот сектор) од кои:

           a) кредитите на население се зголемија 25.6%;

           б) кредитите на претпријатија се зголемија 28.1%.

  • Депозитната база на Банката се зголеми 32% од кои:

           a) депозитите од население се зголемија 10.7%;

           б) депозитите од претпријатија се зголемија 51.4%.

Учеството на кредитните линии во изворите на средства изнесува 21.2% што значајно придонесе за диверзификација на структурата.

“Успехот на Охридска банка темели на цврстите релации изградени со нашите клиенти и на посветениот менаџмент и на вработените насочени кон растот на Банката. Нашата цел е јасна – да продолжиме со органскиот раст на Банката преку самофинансирање, консолидација на ресурсите, зголемена ефикасност и оптимизација на деловната мрежа. Во 2012 ги поставивме следните приоритети: да го развиваме нашето пазарно присуство, да испорачаме задоволство кај клиентите, да продолжиме со контрола на трошоците и оптимизирано управување со ресурсите.” – подвлече Јитка Пантучкова, Претседател на Управен одбор на Охридска банка.

Охриска банка е подготвена да ги поддржи големите, мали и средни претпријатија кои инвестираат во својата иднина. Кај населението, нашата енергична кредитна активност од 2011 ќе продолжи со несмалено темпо.

Охридска банка неодамна ги лансираше новите ВИЗА картички и активно се вклучи во во проектот Купи куќа, купи стан. Оваа година ќе воведеме и осигурување со цел да им помогнеме на клиентите да се заштитат во случај на неможност да ги сервисираат своите кредити.

Охридска банка е подготвена да ја продолжи кредитната активност. Имаме пристап до нови кредини фондови во очекување на обновена инвестициска активност. Покрај нашата вклученост во ЕИБ и други програми администрирани од страна на МБПР, го прошируваме нашето партнерство со ЕБОР и други меѓународни финансиски институции. Охридска банка обезбеди 10 милиони ЕУР кредит од ИФЦ, членка на Групацијата на Светска банка со што ќе овозможи пристап за финансирање на малите и средни претпријатија и ќе придонесе кон забрзување на економската активност во земјата.